Датум на објавување: 14.06.2021

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на експерт за проценка на внатрешни капацитети на НРЦ и подготовка на План за зајакнување на капацитетите“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на експерт за проценка на внатрешни капацитети на НРЦ и подготовка на План за зајакнување на капацитетите.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од  Куманово го  спроведува проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите “ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

  1. Зголемени капацитети и пристап до пазар на труд за Ромите, да ги искористат можностите за вработување и бизнис можностите  на  пазарните системи.
  2. Зголемени организациски капацитети на Здружението Национален  ромски центар.

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот 31.12.2021 година.

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование;
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуство во областа на проценка, развој и зајакнување на капацитети на здруженија на граѓани и/или подготовка на планови за зајакнување на капацитетите;
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации;
  • Познавањена Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет;
  • Познавање на англиски јазик,
  • Познавање и пристап до работа на дигитални платформи (Zoom, Microsoft Teams, BlueJeans, и други.

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Предлог методологија за работа;
  • Примерок од претходна работа за спроведени слични работни задачи во последните 5 години;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден во денари.

3. Опис на позиција: експерт за проценка на внатрешни капацитети на НРЦ и подготовка на План за зајакнување на капацитетите.

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење: 10 работни дена во месеците  јуни-јули 2021 година.

Работни задачи за потребите на проектот„Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани со проценка на внатрешни капацитети на НРЦ и подготовка на План за зајакнување на капацитетите. Активноста се имплементира во рамки на проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 10 работни дена во месеците јуни -јули 2021 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“:

  • Одржување на две еднодневни  работилници за проценка на внатрешни капацитети на вработените во НРЦ (два работни дена);
  • Индивидуални интервјуа  за проценка на внатрешни капацитети на вработените во НРЦ;
  • подготовка на План за зајакнување на капацитетите;
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 10 работни дена (буџетска ставка 4.5.6.1);
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплата ќе биде на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот тим.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден – 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected] најдоцна до 26.06.2021 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*