Национален ромски центар од Куманово заедно со партнерските организации Симбиозис 12 од Куманово и ОРМ Бела Кула од Кичево за проектот „Поддршка за легализација на ромско домување” финансиран од Европска Унија на ден 31.01.2019 година го објавуваат следниот:
Повик за доделување на под- грантови
На повикот за доделување на под-гранотви за зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации можат да аплицираат граѓански здруженија кои ги исполнуваат следниве услови: да се ромски граѓански здруженија регистрирани во Централен регистар на ниво на државата; да имаат оперативна организациска банкарска сметка; здружението или клучниот персонал во 2017 година и/или во 2018 година да има работено на проекти и да има докажани капацитети за спроведување на активности на под-грантот; да работат во областа на социјална интеграција на Ромите во општеството, застапување и промоција на правата на Ромите, домување и сл.
Под-грантовите ќе траат во период од најмногу 6 месеци. Вкупниот буџет за зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации изнесува 2.151.800 МКД. Овие средства ќе бидат доделени на граѓански здруженија кои ќе ги исполнуваат условите на овој Повик и кои ќе бидат изберени во врска со овој Повик. Под-грантот може да биде во висина најмногу до 430.360 МКД.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 28 февруари 2019 година до 15:00 часот кои може да ги испратите на следните е-маил адреси [email protected] и [email protected] или лично во архива на НРЦ на адреса „Доне Божинов„ бр.11/5 Куманово.
Целокупните информации можете во врска со повикот можете да ги најдете во Повик за под-грантови
Апликацијата се состои од:
Информативни денови
Сите заинтересирани организации кои сакаат да аплицираат се покануваат на информативни сесии:
- 8 февруари (петок) 2019 год. во Куманово
- 12 февруари(вторник) 2019 год. во Штип
- 13 февруари (среда) 2019 год. во Прилеп
- 14 февруари (четврток) 2019 год. Велес
- 15 февруари (петок) 2019 год. Кичево
Заинтересираните учесници можат да се пријават најдоцна до 7 февруари 2019 година до 15 часот на следниве е-маил адреси: [email protected] или [email protected]