Здружение Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Повик за ангажирање на надворешен евалуатор за спроведување на 15 годишна евалуација за работата на здружение НРЦ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален ромски центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Повик за ангажирање на надворешен евалуатор за спроведување на 15 годишна евалуација за работата на здружение НРЦ

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „КОВИД 19 /Заштита на работнички права на работници со ниски примања” финансиран со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија, и заради остварување на планираните проектни активности го објавува овој повик.

Цели на проектот се :

-Да се информираат граѓаните за правата и обврските кои произлегуваат од работничките права и во случај на невработеност;

-Да се поддржат работници со ниски примања и самохрани родители во управни и судски постапки во заштита на своите права;

-Да се зајакнат организациски капацитети.

Опис на позицијата:

Надворешен евалуатор за спроведување на 15 годишна евалуација за работата на здружение НРЦ

Број на позиции: 1

2. Понуда

2.1  Понудувачот треба да ги исполни следните услови:

  • Завршено високо образование,
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуство за спроведување на евалуација на организациско ниво;
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации;
  • Работно искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки и /или на прашања поврзани со Роми/Ромки ќе се смета како предност;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.

3. Пријава

3.1. Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмозаинтерессократокопискојќедокажедекапоседувасоодветнознаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Примероци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните  5 години;
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации,
  • Изјава за искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Предлог методологија за подготовка на надворешната евалуација;
  • Понудена бруто цена за ден во денари со вклучени патни трошоци.

4. Опис на позиција: експерт за изработка на 15 годишен организациски евалуациски извештај за работа на здружение „Национален ромски центар“

4.1.Број на  позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење: 22 работни дена во период август–октомври 2020 година.

5. Работни задачи за потребите на проектот „КОВИД 19 /Заштита на работнички права на работници со ниски примања”

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

  • Разработка на понудената предлог-методологијаза спроведување на надворешната евалуација на 15 годишната работа на здружението НРЦ
  • Спроведување на  најмалку 20 интервјуа и анкети со вработени, ангажирани лица и други соработници и засегнати страни.( во зависност од препораки од страна на Владата постои опција на онлајн комуникација при спроведување на интервјуата)
  • Изработка на надоврешеневалуативен извештај кој ќе биде промовиран по повод 15-годишниот јубилеј на НРЦ.
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 22 работни дена.
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец timesheet.
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата.
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.
  • Преглед на постоечки документи на НРЦ.
  • Анализа на резултати на работа на организација.
  • Одржување на минимум две работилници за консултации со тимот на НРЦ.

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка. Исплатата ќе се извршина две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот координатор.

6. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден во мкд со вклучени патни трошоци– 20 поени

7. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, број на телефон, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3 Тековна состојба од набавувачот (доколку се работи за правно лице), не постара од една година

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] најдоцна до (петок) 31.07.2020 година до 16 часот.

Куманово   22.07.2020       Координатор на проект   
  Ивана Маринковска   

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*