ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на психотерапевт за обезбедување на психолошко и психотерапевтско  советување

Здружение Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Повик за  ангажирање на психотерапевт за обезбедување на психолошко и психотерапевтско  советување“ за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален ромски центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: „Повик за ангажирање на психотерапевт за обезбедување на психолошко и психотерапевтско  советување “

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство” финансиран со поддршка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, и заради остварување на планираните проектни активности го објавува овој повик.

Цели на проектот се :

-Унапредување на системот на заштита, пристапот до информации и директна помош и поддршка за жените жртви на родово базирано и семејно насилство и нивните деца;

-Унапреден пристап до релевантни податоци преку анализи за состојбата со насилство врз жените и семјното насилство на локално ниво;

-Унапреден дијалог со локалните релевантни чинители за подобрување на системот на заштита, пристап до информации и директни сервиси за помош и поддршка за жени жртви на насилство и семејно насилство.

Опис на позицијата:

Психотерапевт за обезбедување на психолошко и психотерапевтско  советување. Број на позиции: 1

2. Понуда

2.1  Понудувачот треба да ги исполни следните услови:

  • Завршено високо образование од областа на психологијата.
  • Завршена едукација од психотерапија, минимум 500 часа
  • Минимум 5 годишно документирано  работно искуство за психолошко и психотерапевтско  советување.
  • Работно искуство со граѓански организации кои работат во областа на семејното насилство и /или на прашања поврзани со семејно насилство ќе се смета како предност;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет;
  • Обезбеден простор за психолошко и психотерапевтско  советување.

3. Пријава

3.1. Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Сертификат за завршена едукација од психотерапија (копија)
  • Писмо за интерес
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство за психолошко и психотерапевтско  советување..
  • Изјава за искуство во работа со граѓански организации.

4. Опис на позиција: „Психотерапевт за обезбедување на психолошко и психотерапевтско  советување“

4.1.Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Предвиден бруто износ за една сесија -1200 денари

Времетрање: до 30.11.2022.

5. Работни задачи за потребите на проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

  • Да пружи психолошко и психотерапевтско советување на жени кои преживеале насилство.
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 60 индивидуални сесии.
  • Изработка и достава на извештај за секоја спроведена индивидуална сесија и пополнет образец timesheet.
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата.
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка. Исплатата ќе се врши на месечно ниво, согласно бројот на оддржани индивидуални сесии и по одобрување на доставен извештај и time sheet од страна на проектниот координатор.

6. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик.

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, број на телефон, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3 Тековна состојба од набавувачот (доколку се работи за правно лице), не постара од шест месеци.

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected]  најдоцна до 15.04.2022 година до 16 часот. Апликантите со нецелосни документи нема да се разгледуваат.

Куманово   22.02.2022       Координатор на проект   
  Ивана Маринковска   

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*