Караванот со слоганот „Роми сме!! Горди сме?! На тоа што сме!!!“ во Неготино
Националниот Ромски Центар ја продолжи својата мотивирачка мисија за охрабрување за учество на Ромите на претстојниот попис 01-15 октомври во Република Македонија. Беше посетен градот Неготино. Во Неготино се одржа панаѓур на кој мобилниот тим делеше памфлети и разговараше со Роми и не Роми. Беа забележани граѓани од повеќе градови од Македонија и ова беше добра можност да се информираат сите. Мобилниот тим на НРЦ посети и ромски семејства во нивните домови. Забележана беше позитивна атмосфера за учество на пописот со акцент на тешкиот живот на Ромите.
Спроведена беше и посета на плантажен камп на аргати Роми на сезонска работа на гроздобер во местото викано Ило Виларов.
НРЦ активистите се сретнаа и разговараа со Роми од повеќе градови кои работат на плантажите за грозје повеќе од 15 дена, туку се со цели семејства, сместувањето им е во импровизирани живеалишта. Низ разговорот бевме запознаени со начинот на нивното ангажирање, каде за ситни хонорари се тука бидејќи ова е единствената можност да обезбедат материјални средства за живот пред зимскиот период. Тука се чувствуваа како едно семејство и се помагаат иако се од различни градови: Крива паланка, Струмица, Кочани, Виница, Радовиш, Велес, Куманово и Скопје. Помеѓу себе комуницираа на македонски и ромски јазик. Пораката на ромските аргати беше: тешко е да си сиромашен, сиромаштијата го принудува човек на многу работи па дури и на чести мигрирања и живот под ведро небо.
[post_gallery]