НРЦ со својот поднесок изрази особен интерес за начинот на кој се адресирани социјалните, економските и културните права во Македонија
Поднесок од Национален ромски центар (НРЦ) до Комитетот за економски, социјални и културни права (CESCR) на Листата на теми за 56-тата сесија на CESCR, која се однесува на Македонија (работна група пред сесијата во период од 12-16 октомври). Документите содржат специфични информации поврзани со имплементацијата, во законите и примената, на членовите кои се однесуваат на домашната примена на правата предвидени во Пактот и максимална употреба на расположивите ресурси; правото на работа и социјална заштита; право на адекватни стандарди за живеење; право на највисок можен стандард на здравје и право на образование; земајќи ги во предвид генералните коментари на Комитетот, како и информацијата за последните измени на законите и примената во Македонија што влијае на целосната реализација на правата предвидени со Пактот со особен интерес на прашањето за начинот на кој се адресирани социјалните, економските и културните потреби и аспирации на Ромите.
Поднесокот може да се прочита на следниве линкови:
http://tbinternet.ohchr.org/_layouts/treatybodyexternal/SessionDetails1.aspx?SessionID=969&Lang=en
http://tbinternet.ohchr.org/Treaties/CESCR/Shared%20Documents/MKD/INT_CESCR_ICO_MKD_21614_E.pdf