Амбасадорот Соренсен испрати силна порака за поддршка на активностите на НРЦ се со цел реално да се подобри состојбата на припадниците на ромската заедница во Република Македонија

5 април 2011 година, Куманово – Национален Ромски Центар (НРЦ) се сретна со Н.Е. г-дин Петер Соренсен, шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија. Амбасадорот Соренсен ја прифати поканата на НРЦ за средба и посета на канцеларијата на здружението. НРЦ му посака добредојде на Амбасадорот Соренсен и го запозна со стратешките определби и активности. Амбасадорот Соренсен испрати силна порака за поддршка на активностите на НРЦ се со цел реално да се подобри состојбата на припадниците на ромската заедница во Република Македонија. Покрај Национален Ромски Центар како домаќин, на средбата прусуствуваа и други граѓански здруженија кои работат на прашања поврзани со ромската заедница на територијата на општина Куманово: РОЖМ Даја, ЦРЗ Дром и ФПР Арка.

АМБАСАДОРОТ СОРЕНСЕН ГИ ПОСЕТИ ЛИПКОВО И КУМАНОВО


[post_gallery]