БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
(за печатење на лифлет)
14.02.2018
Почитувани,
Здружение Национален ромски центар од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов бр. 11/1, Куманово.
1.2. Предмет на барањето: Прибирање понуди за печатење на лифлет.
1.3.Здружение „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Поддршка на жени Ромки да се иденификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми нивниот пристап до услуги за жени кои преживеале насилство“ со поддршка од UN Women и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на понуди.
1.4. Набавката на ова Барање е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски и интерес за квалитет на барателот.
- Предмет на набавка:
2.1. Печатење на лифлет со следните карактеристики:
број на страници за печатење: 8
формат: А-5
вид на хартија: 200 грамска
техника на печатење: фул колор, двострано печатење
број на примероци: 400
вид на врзување: хефтање
прилог: линк до веб страна или друг извор каде може да се видат производите или достава на примерок доколку понудата се доставува лично
- Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет на понудените услуги
- Рок на испорака
Цената и квалитетот носат најмногу по 45 бодови, додека искуството во областа носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
Бодувањето на понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најниската и највисоката понуда.
- Облик и содржина на понудата:
4.1. Понудата се изработува во писмен облик;
4.2. Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, телефонски број, е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт;
4.3. Рок и начинот на испорака на услугите;
4.4. Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари со вклучен ДДВ;
4.5.Рок и начин на плаќање;
4.6. Рок и важност на понудата.
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] или лично да ги доставите во архивата на НРЦ на адреса на ул. Доне Божинов бр. 11/5 Куманово, во период од 14.02.2018 до 21.02.2018 година до 16 часот.
Куманово 14.02.2018