Здружение Национален ромски центар од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:  

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги  Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште  на  ул. Доне Божинов бр. 11/1, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање понуди за печатење на лифлет.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Политики и практики за адекватно домување“ со поддршка од ФООМ и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на понуди. 

1.4. Набавката на ова Барање е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски и интерес за квалитет на барателот.

2. Предмет на набавка:

2.1. Печатење на лифлет со однапред подготвен дизајн со следните карактеристики:

број на страници за печатење: 4

формат: А-5

вид на хартија: 200 грамска

техника на печатење: фул колор, двострано печатење

број на примероци: 500

прилог: линк до веб страна или друг извор каде може да се видат производите или достава на примерок доколку понудата се доставува лично

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет на понудените услуги
  • Искуство

Цената и квалитетот носат најмногу по 45 бодови, додека искуството во областа носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

Бодувањето на  понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најниската и највисоката понуда.

4. Облик и содржина на понудата:

4.1. Понудата се изработува во писмен облик;

4.2. Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, телефонски број,   е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт;

4.3. Рок и начинот на испорака на  услугите;

4.4. Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари со вклучен ДДВ;

4.5.Рок и начин на плаќање;

4.6. Рок и важност на понудата.

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната  адреса [email protected] или лично да ги доставите во архивата на НРЦ на адреса на ул. Доне Божинов бр. 11/5 Куманово, во период од 08.07.2020 до 15.07.2020 година до 16 часот.

Куманово  07.07.2020                                                                          

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*