Претставници од Национален ромски центар го посетија кабинетот на градоначалникот со цел да разменат информации за тековните активности на НРЦ и проблемите со кои се соочуваат Ромите во Куманово.

НРЦ го информираше градоначалникот на Куманово, г-дин Зоран Дамјановски за активностите од областа на образованието, здравството, личните документи и домувањето при што беше потенцирана потребата од интензивирање на комуникацијата со општина Куманово во поглед на поефикасно надминување на потешкотиите со кои се соочуваат Ромите во Куманово.

Градоначалникот пројави интерес за активностите на НРЦ и изрази согласност за подобрување на комуникацијата помеѓу здружението и општината.

[post_gallery]