Национален ромски центар во соработка со Европскиот центар за правата на Ромите од Будимпешта од 15.05.2012 до 18.05.2012 год. реализираше две обуки за градење на капацитети на Роми од областа на човековите права.

Обуките беа оддржани во хотел „Континентал” во Скопје под наслов НЕ за училиштата со посебни потреби, за децата Роми”. На обуките учествуваа 56 учесници од 16 града во Р. Македонија (Куманово, Скопје, Кочани, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Радовиш, Пехчево, Делчево, Струмица, Пробиштип, Охрид).

По реализацијата на обуките учесниците имаа можност своите стекнати вештини да ги применат во пракса, со тоа што реализираа истражување за присутноста на децата Роми во училишта и паралелки за деца со посебни потреби.

[post_gallery]