Членовите на Собранието беа информирани за активностите на здружението во текот на 2011 година, како и измените во начинот на работење согласно Законот за здруженија и фондации

Врз основа на членовите 25 и 26 од Статутот на Национален ромски центар 047-04/11 од датум 14.04.2011 година и член 22, 23 и 24 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр 52/10, 135/11) на 14.02.2012 година се одржа Годишно собрание на НРЦ.

Членовите на Собранието беа информирани за активностите на здружението во текот на 2011 година, како и измените во начинот на работење согласно Законот за здруженија и фондации. Воедно, беа презентирани и новите проектни активности кои ќе се реализираат во текот на 2012 година.

Пред присутните беа презентирани печатените изданија на Годишниот извештај на здружението, Извештајот од фокус групи и интервјуа за услуги од репродуктивен период, Резимето и препораките за применети политики за намалување на здравствени нееднаквости во антенаталната и постанаталната грижа кон Ромките во Република Македонија и стрипот Другарчиња.

Преку преглед на финансиските трошоци за секој реализиран проект во 2011 година членовите на Собранието беа информирани за начинот на кој е реализиран буџетот на здружението за овој период.

[post_gallery]