На 22-24 април 2013 се оддржа “Форумот за домување во Европа и Централна Азија” во Женева, Швајцарија
Тридневниот Форум беше организиран од страна на Обединети Нации – Женева, Хабитат за хуманост интернационал, Интернационалната федерација на црвениот крст и црвена полумесечина, Програмата за развој на обединетите нации, Економската комисија за Европа при обединетите нации и програмот за население на обединетите нации. Ова беше настан од глобални рамки на кој зедоа учество 147 делегати и 71 организација. Обврската да се учествува на Форумот произлезе од договорената соработка помеѓу НРЦ и ФООМ во рамките на проектот „Легализација на ромското домување – Македонија“. Од Македонија на овој Форум присуствуваа претставниците на партнерските организации во проектот „Легализација на домувањето за Ромите”, Зоран Костов, извршен директор на Хабитат; Лилјана Алчева заменик директор за програма од Хабитат и Ашмет Елезовски од Национален ромски центар. Заменик директорот за програма од Хабитат Љиљана Алчева на овој форум настапи со детална презентација која со својата содржина ги опфати есенцијалните факти од проблематиката давајќи прецизна слика за тековните состојби и активности за третирање на проблемот со домувањето во Република Македонија.
Со своето учество на форумот, Националниот ромски центар имаше можност да ги промовира своите активности, проблеми и потреби при реализација на проектот „Легализација на ромското домување – Македонија”, кое може да биде позитивен инструмент за понатамошното спроведување и дополнителна поддршка за поефикасно решавање на ромското прашање за домувањето.
[post_gallery]