Во мистичниот континент на југоисточниот дел кај што сè уште може да се насети, види и почувствува природната убавина и суровата рака на човештвото се наоѓа Грахамстоун во Јужноафриканската Република.
Во тој мал Јужноафрикански град, во кој расната и економската поделба е зацртана со дебела црвена линија физички и психолошки, се наоѓа модерниот универзитет Роудс. Со богатство на профили и интересни програми, универзитетот ја поддржува и програмата на Центарот за Социјална Одговорност и мониторинг. Две претставнички на НРЦ беа привилегирани да научат за методите и работата на центарот. Професионални обучувачи, 11 дена дел по дел ги пренесоа искуствата на група од 20 луѓе.
Центарот за Социјална Одговорност е независен институт во рамките на Роудс Универзитетот, сместен во Источната провинција Кејп.
Визијата на ЦСО е институционализација на правото на социјална одговорност и реализација на социјалните и економските права преку ефективно менаџирање на јавните ресурси.
Својата визија се стреми да ја имплементира во Јужноафриканскиот регион преку генерирање, дисеминирање и споделување на знаења и вештини за правото на социјална одговорност и потребните алатки кои ќе бидат ефективни за реализација на ова право.
Целта на академскиот ЦСО програм е да го институционализира барањето за социјална одговорност помеѓу идните лидери на граѓанските здруженија и активисти и креаторите на политики на универзитетите во Јужно-африканскиот регион. ЦСО цели овој резултат да го постигне преку интегрирање на материјалите од курсот за Социјалната одговорност во наставните програми на универзитетите во регионот.
Среднорочна цел на ЦСО е да го олесни креирањето мрежа на SADC-Јужно-африканска развиена заедница, за академски потреби кои ќе ги претстават материјалите од курсот за правото на Социјална одговорност како и алатките за мониторинг на системот за социјална одговорност во рамките на нивните инстититуции и поставеност на системот.
СЦО ја оправдува својата работа базирано на фактот дека секое живо битие има право да ужива во своите основни човекови права а тоа е правото на дом, образование, правото на достоен живот.
Овој систем работи во Република Јужна Африка, и случаи се добиени на суд. Случаи кои беа изведени пред суд го третираа прашањето за добивање на информации од јавен карактер. ЦСО има добиено случаи за недостапност на информации, односно увид во целосната документација за да се набљудува целокупниот процес на трошењето на парите кои потекнуваат од граѓаните.
Успех имаат во областа на образованието. Направен е комплетен извештај за неправилното трошење на парите наменети за образование. Во полето на здравството е подготвен аналитички извештај за работењето на здравствените институции и начинот на трошење на пари како и квалитетот на услугите за граѓаните во полето на здравството, а како најнов случај на суд се донесени парламентарците за да внимаваат на трошење на јавните пари за патни трошоци.
Кај нас би можело да се направи детална анализа за стретегијата од областа на здравство, да се мониторира годишниот извештај на Владата и да се види колкав е буџетот за здравство и како се троши. Да се разгледаат сите документи и законски акти кои постојат од договори за работа за сите вработени, распределбата на работни позиции, пари потрошени за медицински помагала, па сè до ревизорски извештаи. Сите приливи и сите одливи за работата на секој оддел за секоја ставка мора да бидат поткрепени со документи и факти кои ќе ја оправдат работата, начинот на имплементација и квалитетот на сервиси за граѓаните.
Начинот на кој се прави ова е преку судска постапка, јавно презентирање на фактите идентификувани за време на мониторингот – соопштенија за јавност, како и застапување пред институции.
Е па тоа би бил предизвикот на овие простори да се види јавно и транспарентно каде одат парите на граѓаните. Не се доволно само заокружените цифри на буџетот и нејасното прикажување на ставките како се трошат парите на граѓаните. Предизвикот ќе биде да се направи детална анализа и да се работи на реализирање на потребите на оние на кои им ги требаат услугите.
Сите овие права во многу убави документи (конвенции, декларации итн.) продуцирани и под раководство на Обединетите нации се само база врз која можеме да се повикаме за реализација на основните човекови права и слободи. Документи кои повикуваат и промовираат, дека секое живо битие има право и одговорност пред државата, но и државата има одговорност за да му овозможи достоен живот.
Според конвенцијата за Човекови права сите држави кои го потпишале овој документ треба да им обезбедат услови на своите граѓани достоен живот, достоен дом, образование и можност за реализирање на основните човекови потреби. Затоа процесот на мониторирање на социјална одговорност опфаќа 5 фази:
Прва фаза Процес на планирање и применување на средства
А сето тоа ќе се оствари доколу државата ги идентификува ресурсите со кои располага, ги идентификува вистинските потреби преку реална стратегија која ќе ги покрие потребите на граѓаните.
И така сервисите кои ќе треба да ги користат граѓаните ќе бидат достапни за нив и ќе одговорат на нивните реални потреби.
Втора фаза Начин на трошење на парите
За сето тоа да се постигне втор процес во кој секој демократски систем треба да функционира е надгледување на трошењето на наменетите средства за давање сервиси на граѓаните. Набљудувањето е многу важен дел да се реализира документирано и со конкретни податоци за начинот на трошење на граѓанските пари. Секако како човеково право да се добијат услугите кои законски ни се загарантирани во процесот на социјалната одговорност се набљудува и начинот како се реализираат сервисите. Какви се надворешните влијанија, дали има доволно луѓе за да го достават сервисот, дали има добра инфраструктура итн., го покрива процесот на менаџментот на имплементирање на дадените активности – трета фаза во шемата на системот на ЦСО.
Четвртата фаза во процесот ја опфаќа евалуацијата на јавниот интегритет на давачите на услугите. За добар интегритет на секоја држава се смета воспоставениот систем на известување на сите нивоа, законски процедури, управувачки документи, одредби за функционирање на сите установи како и должости на сите вработени во администрацијата, владата и парламетот.
Значи хиерархијата на должности да функционира регуларно и да одговара на потребите на граѓаните.
Како последна алатка во циклусот кој постојано треба да функционира е набљудување на системот и целиот процес. Секако набљудувањето треба да биде внатрешно кое е базирано на продуктите на секој вработен на било кое ниво (различни видови на информирања и известување кои имаат материјална форма – како и надворешно кој подразбира независна ревизија на сите потрошени средства).
И во кругот кој го симболизира и животот секaко алатка мора да се искористи на вистински начин за да се има квалитетен мониторинг со факти.
Интересен беше фактот дека всушност свесноста за општествена одговорност кај граѓаните на оваа држава е на високо ниво. Знаат дека треба да добијат навремени и квалитетни сервиси. За социјалната одговорност зборуваат сите, отворено се именуваат тие што не ги имплементираат сервисите за граѓаните кои се задолжителни. И секако започнато е да се преземаат мерки. На тој начин се спречува неправилно трошење на пари, а се добива сервиси за граѓаните.
Прекрасна алатка за која треба вистинска воља, многу искуство и зголемена свест кај сите. На медиумите јавно се зборува колку јавните сервиси во образование, здравство, пристап до информации, потребна инфраструктура се имплементираат. Случаите се пријавуваат и јавно се зборува за недостатокот и неодговорноста на реализирање на планираните активности. За корупцијата која постои се зборува јавно. Вработен во администрацијата за време на нашиот престој таму беше осуден на 15 години затвор поради корупција.
Цивилното движење работи на подигнување на свеста кај населението.
Секоја чест на искуството и ефективните програми за изучување на практики кои навистина ја подигнуваат свеста за едно вистински функционално и демократско општество.
Општество кое се грижи да им овозможи квалитетни сервиси кои треба секој граѓанин да ги добие. Адекватни услови за домување, пристап до адекватни услови за живеење (соодветна инфраструктура), квалитетни здравствени услуги, пристап до образование, на граѓаните според можностите на секоја држава, но и со цел да се настојува кон прогресивна реализација на човековите права.
Доколку процесот на давање на сервиси не функционира, тогаш треба да се праша зошто не функционира и дали се преземаат мерки да се овозможи реализација на сервисите? И како дел од цел овој процес е задачата да се оправда и да се објасни зошто секоја активност е направена така како што е какви мерки се преземени и што ќе преземат доколку сервисот не се имплементира за да биде во полза на граѓаните????
Долг процес кој на претставниците на цивилниот сектор, а секако и на НРЦ ќе биде предизвик да се испроба и во Р.Македонија.
Еден добар пример за недобивање на сервиси е здравствениот систем во Р.Македонија се држи на кристални нозе, реформите секојдневно осцилираат под нивото на нормалното и далеку сме под европските стандарди. Слободно можеме да се споредиме со државите во Африка каде таму се соочуваат со болести како сидата која има епидемиолошки димензии.
Кај нас се појавуваат епидемии кои се појава во неразвиените земји, а имаме систем на бесплатна вакцинација.
Колку се вакцинира редовно кај нас и кој е методот на следење на вакцинираните и невакцинираните деца. Имаме бесплатно здравство, а сите луѓе плаќаат партиципација за било каков специјалистички преглед на пример (лабораторија, ЕКГ, ПАП или ЕХО). А од друга страна се соочуваме со над 30% невработеност. Како луѓето кои што живеат на работ на сиромаштијата можат да си дозволат било како здравствен преглед. За жал тие се тие кои што поради социјалната положба во која се соочуваат со сериозни заболувања. Се поставува прашањето што се тоа основни здравствени услуги? Разговорот со лекарот во ред, но што е со посериозните заболувања? Реалноста е дека ние навистина се соочуваме со несоодветно и неквалитетно добивање на сервиси, а многу често и не добивање на никакви сервиси кои законски ни припаѓаат. Сервиси од типот еднаш годишно бесплатен преглед кај матичниот гинеколог, еднаш годишно бесплатна мамографија за жени од 40 години, бесплатно лечење за лица со малигни заболувања. Од друга страна лековите се достапни со партиципација и најчесто државните институции се соочуваат со проблемот на нефункционирање на опремата…….
Ако се осврнеме на условите за живеење, квалитетно образование за сите, пристап до здравствени услуги за сите, пристап до вработување за сите.
Останува прашањето упатено кон сите нас што ние добиваме како услуга?
Што е тоа што навистина ни е потребно и дали навистина се реализира.
Државната каса се полни од џебовите на граѓаните. Колку тие пари се наменети за граѓаните и нивните вистински проблеми???
Себихана Скендеровска