Активноста се реализираше во рамките на проектот Легализација на домувањето за Роми, што НРЦ го реализира со финансиска поддршка од ФООМ, во партнерство со Хабитат Македонија.
На 01.03.2012 беше организирана Обука на теренски фацилитатори. Предавачи на обуката беа Катерина Шојиќ, правник во НРЦ и Зоран Димитров од Хабитат. На обуката присуствуваа теренските фацилитатори: Алмира Реџепи (Тетово), Демирша Османов (Штип), Серџат Идиќ (Кочани), Љатиф Демировски (Куманово), Ејуп Асановски (Прилеп) и Елдза Саитовска и Даниел Петровски од Шуто Оризари.
Учесниците беа запознаени со основните одредби од Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Во текот на обуката се развија дискусии околу конкретни проблеми и случаи со кои се соочиле теренските фацилитатори за време на нивната работа како анкетари во првата фаза од проектот Легализација на домувањето за Роми. На присутните им беше претставена методологијата за работа и беа информирани дека нивниот ангажман ќе започне од 07.03 со интензивна работа на терен.
Во текот на обуката фацилитаторите детално го прегледаа прашалникот и потребната документација што ќе треба да ја видат и да ја толкуваат на терен. Констатиравме дека ќе биде потребно секој од нив да направи копии од документите што ги поседуваат луѓето. Ресурсниот центар ќе ги собира документите, ќе ги скенира и ќе ги прикачи на досиејата на барателите за легализација. Зоран Димитров од Хабитат на присутните им ги презетираше условите за кредитирање, текот на постапката, соработката меѓу партнерите и документите што ќе бидат потребни.
Инаку, целта на проектот е зголемување на процентот на легализирани домови во Република Македонија, со акцент на ромски домови во 6 општини во Р.М: Скопје, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип каде што живее поголем број ромско население, преку правна, административна, финансиска и техничка поддршка за процесот.
[post_gallery]