Пред гостите беше презентирана структурата на организацијата, стратешките определби, како и досегашните активности со посебен акцент на резултатите од образованието.

Група од 11 претставници од невладиниот сектор, од фондации, Институти за високо образование и директори на училишта ја посетија НРЦ со цел да се информираат за искуствата од областа на образованието. Тие се дојдени во Македонија во студиска посета со цел да изнајдат нови методи на работа со децата Роми во образованието, особено затоа што во Украина се соочуваат со проблем со сегрегирани училишта. Домаќин на групата во Македонија е здружението „Дендо вас“.

Пред гостите беше презентирана структурата на организацијата, стратешките определби, како и досегашните активности со посебен акцент на резултатите од Кампањата за образование на Ромите што НРЦ со поддршка од Ромскиот образовен фонд ја реализира од 2006 година.

Гостите од Украина изразија задоволство и воодушевување од обемот на активностите на НРЦ, како и од начинот на кој се остваруваат целите во образовниот процес. Особено внимание кај нив предизвика работата на ромските медијатори и тековните подготовки за институционализирање на нивната позиција во образованието.

[post_gallery]