Посета преку проектот „Социјална инклузија на Роми“
Претставничките на НРЦ, Славица Ќурчинска и Катерина Шојиќ, оставрија дводневна студиска посета на Косово, во рамки на проектот „Социјална Инклузија на Роми“ кој е поддржан од We effect“ од Шведска. За време на посетата, оставрени се средби со повеќе организации од неколку градови од Косово, кои работат на проекти за зајакнување на улогата на жените од различните етнички заедници во Косово.
Претставничките на НРЦ, остварија средба со одговорните од ИКЦ,( Initiative for Kosova Community).
„Увидовме дека работат со методи кои можат да се применат и кај нас.Тоа беше целта на постата да се пренесе искуството и да примени кај нас“-изјави Ќурчинска.
Претставничките на НРЦ и колегите од ИКЦ посетиле неколку села во околината на Урошевац каде што се запознале со жените кои организирани во здруженија одгледуваат малини и други овошја и зеленчуци, произведуваат туршија, ајвар и други прехрамбени продукти, кои се нудат на продажба.
„Ова е позитивен пример како се развива успешен бизнис преку поддршка од здруженија“-изјави Ќурчинска.
НРЦ во наредниот период ќе соработува и со организацијата „Woman for woman“ со чии претставници веќе е оставрена посета во Косово.
Во Приштина , претставничките на НРЦ се сретнале и со претставници од ECMI кои работат на проекти за јакнење на малите етнички заедници, на терен со Ромите кои живеат во околината на Приштина.Во Митровица, се сретнале со женското здружение „Мundesija“, со кои размениле искуства за работата со ромската заедница, со фокус на жените за кои организираат обуки и образование за возрасни. Воедно, беше оставрен состанок со КЦБС
(Kosovo Center for Business Support) од Приштина кои од 2012 работат на поддрска на еконосмки развој во различни области, значајни за развој на економијата. Соработката со овие организации од Косово, НРЦ ќе ја продлабочи и во наредниот период.