НРЦ ќе работи на унапредување на човековите права

 

НРЦ со повеќе активности го одбележa 10 декември, Меѓународниот ден на човекови права. Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“се одржа манифестација во рамки на проектот Roma Pride, Доста, поддржан од Советот на Европа, и „Ајде да зборуваме за дискриминација“ со поддршка од француската амбасада и двата поддржани од Европа за граѓаните. На завршната манифестација имаше и обраќање од претставник од Советот на Европа.

„Испративме јасни сигнали до институциите, меѓународниот фактор, а пред се до граѓаните дека мора заеднички да работиме на унапредување на правата на човекот“-рече Ашмет Елезовски, извршен директор на НРЦ.

Претставниците од НРЦ оставарија средби со жителите на населбите „Средорек“, „Бавчи“, „Стари Лозја“, „Бараки“, каде што разговараа за почитување на човековите права.

„Имаше и одредени коментари кои се однесуваа дека процесите треба да се унапредат, но граѓанскиот сектор е само глас на граѓаните, но не е задолжен за спроведување. Упативме апел за меѓусекторска сорабтока на МТСП и Министерството за здравство за оставрување на правата на граѓаните во овие тешки моменти кога сиромаштијата притиска и невработеноста расте, а младите едуцирани кадри се одлеваат, вклучително и медицинските кадри од ромска заедница“-рече Елезовски.

Во спортската сала на основното училиште „Браќа Миладиновци“,се одржаа спортски натпревари на кои ќе учествуваат ученици, студенти од ромска етничка заедница. НРЦ се заблагодари на училиштето за соработката при реализација на овој настан.

Пораките од младите Роми кои тие ги истакнаа на форумите во рамки на проектот „Ајде да зборуваме за дискриминација“ ќе бидат доставени до градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и Советот на општината. Претходно се одржаа форуми со младите, а учествуваа и францускиот амбасадор и народниот правобранител во Македонија.

Во Македонија се ратификувани седум документи.ОН укажуваат дека вредностите на човекот се најзначајни.

Универзалната декларација за човекови права е усвоена од Генералното собрание на ОН на 10 декември 1948 година, во Париз, поради што овој ден се празнува како Меѓународен ден на човековите права. Декларацијата за човекови права се смета за неформален устав кој ги гарантира правата на човекот и ги признава човековите права и слободи како дадени по раѓање, обезбедува рамноправност и гарантира заштита од насилство, лош третман и казни кои влијаат на човечкото достоинство. Обединетите нации усвоија шест договори за основните човекови права: Меѓународен договор за граѓанските и политичките права; Меѓународен договор за економските, социјалните и културните права; Договор против насилството; Договор за превенција на расната дискриминација; Договор за превенција на дискриминацијата на жените; Договор за правата на децата. Прифатената на 10 декември 1948 година Декларацијата за правата на човекот се состои од вовед и 30 члена.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*