Волонтери од Мировен Корпус ја посетија канцеларијата на НРЦ со цел да се здобијат со знаење за работната средина во Македонија

Kelly Rupp (Los Angeles), Sara Christopher (Augusta), Stephen Robinson (Seatle), Mary Hulse (Atlanta) и Shelley Aellwood-Davis (Lexinton) се интересираа за начинот на кој работи организацијата, како се планираат активностите и кои се најголемите потреби на НРЦ.

Волонтерите во пракса се студенти на мастер студии поврзани со јавни политики на различни универзитети во САД.

Претставници од НРЦ ги презентираа плановите и програмите на организацијата и понудија слика за работењето на организацијата во реалност.

Во следните две години волонтерите ќе се здобијат со работно искуство во Македонија. Тие ќе живеат и ќе работат во локалните заедници, а веќе посетуваат обуки за македонски и албански јазик. Волонтираат од различни причини: да добијат работно искуство, да ги споделат своите вештини, да научат за светот и да направат позитивна разлика во светот во кој живееме. Имаат една заедничка работа: искрена желба да научат за нивните земји домаќини. (http://macedonia.peacecorps.gov/info.php)

На крајот од посетата волонтерите беа импресионирани од активностите на НРЦ, како и од постигнатите ефекти во петгодишното работење.

[post_gallery]