НРЦ во Берлин во посета на претставници на политички партии
Во насока на проширувањето на мрежата на контакти во сите сфери од живеењето Ромите во Македонија и надвор од државата, претставник од НРЦ , при неодамнешната посета на Берлин, оствари средба со Инге Хогер, претставничка на пратеничката Анетe Грот, која работи на прашањето на миграцијата .
На средбата, информираше извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски биле разменети информации за тековните проектит и активности кои ги презема НРЦ во насока на едукација и миграцијата, а било побарано пратеничката да се заложи за актуелизирање преку нејзината партија за овие прашања на Ромите преку институциите на системот.