Информирање за актуелната состојба на Ромите во Македонија

Во рамки на престојот во Брисел, извршниот директор на НРЦ Ашмет Елезовски оствари средба со пратеничката од Европскиот Парламент, Сораја Пост, која потекнува од Шведска, по националниот Ромка. Со неа Елезовски разговарал за ромското прашање, бидејќи европратеничката претходно подготвила извештаи за правата на Ромите на ниво на Европа.

На средбата европратеничката ветила дека наскоро ќе го посети НРЦ, каде директно ќе се запознае со актуелната состојба на Ромите во Македонија. Исто така било потенцирано дека претставници од НРЦ ќе учествуваат на сослушување во Европскиот парламент на кој пратениците ќе ги разгледаат извешаите, резолуциите, актуелните збиднувања поврзани со решавање на ромските прашање на Ромите од земјите од Западен Балкан.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*