НРЦ заложба за конкретни проекти за бенефит на Ромите
НРЦ учествуваше на работниот состанок за социјална инклузија на Ромите во Република Македонија. На состанокот, за социјална инклузија на Ромите во Република Македонија имаа и министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Самка Ибраимоски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и советник координаторот за ромски политики во Директоратот за проширување и добрососедска политика при ЕК, Марта Гарсија Фидалго.
Целта на овој состанок е зголемување на нивото на имплементација на Стратегијата за Ромите 2014-2020, како и Националните акциони планови за домување, вработување, здравство, образование и зајакнување на положбата на жената Ромка.
„Оваа дискусија може да даде нова основа која мора да се имплементира, бидејќи претходната беше само на „хартија“. Ова го најавија и претставниците на Владата и од Европската Комисија“-изјави Ашмет Елезовски, од НРЦ.
НРЦ ќе се заложи да се видат резултатите од тримесечната активности во насока на намалување на сиромаштијата и вклучување на Ромите во сите сфери како што се образованието, вработувањето, домувањето.
„Посебно внимание ќе се обрне и на лицата кои од различни причини не поседуваат документи“-изјави Елезовски.
НРЦ ќе работи посветено на овие сфери, пренесувајќи ги барањата на заедницата до институциите и ќе бара вклученост на Ромите во работните групи задолжени за спроведување на овие активности.