Во среда, 20-ти февруари, со почеток во 19.00 часот, во Хотел Бест Вестерн (ресторан Ројал), во градот Скопје, Националниот Ромски Центар, организираше средба со новинари – главните и одговорните уредници на медиумите и информативните редакции во Република Македонија .

На неформалната коктел-средба, беа разменети информации и идеи, кои ќе обезбедат можност да се создадат врски за успешна соработка во заедничкиот

третман на проблемот со вклучување на Ромите во општествените и образовните процеси во Република Македонија.

Средбата продуцираше заеднички заклучок дека постои неопходност од ангажирање на медиумите во актуелизирање и третирање на проблемот за вклучување на Ромите во општествените и образовните процеси.

Медиумите ја изразија својата подготвеност во соработка со Национален Ромски Центар да се залагаат за конструктивен пристап и информирање во третирањето на Ромската проблематика.

Во периодот што е пред нас НРЦ според предвидениот план и програма ќе настапи во јавноста со конкретни анализи и елаборации на податоците од повеќемесечната работа на терен низ 11 градови во Р.Македонија.

Средбата беше организирана во рамките на кампањата за образование на Ромите во Македонија „Клучот е во наши раце“ . Активностите продолжуваат со континуиран интензитет во соработка и подршка од државните институции.