НРЦ на меѓународна конференција за жените Ромки и номади

Претставник од НРЦ ќе присуствува на шестата по ред Меѓународна Конференција за жените Ромки и номаци, која ќе се одржи на 6 и 7 ноември во Советот на Европа, во Стразбург Франција.

Советот на Европа, ја организира конференцијата, со цел да го унапреди учеството на жените во политиката и јавниот живот. Претходно, Советот на министри од Советот на Европа во март 2016 го усвои тематскиот Акционен план за инклузија на Ромите и номадите кој го опфаќа периодот од 2016 до 2018 и тој меѓу другите приоритети, опфаќа и унапредување на улогата на жената Ромка и промоција на полова еднаквост. Дополнително, се наведува во поканата на Советот на Европа, упатена до НРЦ, балансираното учество на мажите и жените во политиката и донесувањето на одлуки е приоритет на Стратегијата за полова еднаквост, на Советот на Европа.

Претставникот на НРЦ е поканет активно да учествува во пленарната сесија.

Конференцијата настојува да се зголеми политичкото учество и присутност на жените Ромки и Номади на сите нивоа на парламентарната демократија.Преку оваа конференција, се очекува непосредниот исход да биде залогот на националните политички партии да преземат чекори за да обезбедат зголемена родова рамноправност, како и учество на ромските жени во политичкиот живот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*