Граѓанското општество глас на народот
НРЦ неше единствениот претставник од Македонија на форумот за граѓанско општество кој се одржа на Факултетот за архитектура во Приштина и е дел од серијата форуми кои ги организира Фондацијата „Фридрих Еберет“ во повеќе држави во Европа. На форумот, покрај НРЦ, присуствуваа организации од сите држави од Западен Балкан и претставници од амбасадите. На форумот се разговараше на повеќе теми и се разви критичка дебата каде и за кои теми,во кои сегменти од општеството, граѓанските организации можат да делуваат, кои се главните точки кои се пропуштени во делувањето, дали е потребен покоординиран пристап во рамки на т.н. „Берлински процес“ и како да се политизира целокупниот процес.
„Граѓанските организации од соседните држави сметаат дека во последно време е потребно засилено да се работи и укаже на одредени процеси не само во матичните држави од каде што доаѓаат, туку и во поширокиот регион. Во некои држави, меѓу кои и во Македонија, иако се слуша гласот на граѓанските организации, потребно е дејствување, со цел остварување на одредени права на различни категории граѓани“-рече Ашмет Елезовски, извршен директор на НРЦ.
Претставниците на граѓанските организации работеа во неколку групи за млади и демократска партиципација, за владеењето на правото и антикорупцијата, социјалниот статус и социјалните права, енергијата и развојот, дигитализацијата и иновацијата.