Европскиот економски и социјален комитет организираше форум за перспективите на ЕУ и Западен Балкан наменет за граѓанското општество
5-тиот Форум на граѓанско општество на Западен Балкан во организација на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕЦК) се одржа во Белград од 2-3 јуни 2015 година со поддршка на Европската Комисија. ЕЕЦК ги претставува економските и социјални компоненти на организирано граѓанско општество во ЕУ. НРЦ се најде на агендата Форумот за перспективите на ЕУ и Западен Балкан, со излагање за малцински права, со посебен акцент на припадниците на ромската заедница. Препораките на НРЦ се дел од усвоената Финална декларација во која се препорачува на државните органи да превземаат посилни акции во партерство со граѓанските организации за подобра заштита на малцински права, особено да се засили имплементацијата на акционите планови за Роми. Согласно препораките, Владите се охрабруваат да работат на вработување на Ромите и застапеност во јавната администрација. Земјите на Западен Балкан се повикуваат да обезбедат прогресивна реализација на правата поврзани со образование, здравствена заштита, вработување и домување. Земјите членки на ЕУ во националните стратегии за интеграција на Ромите посебно внимание да посветат на интеграција на Роми мигранти кои доаѓаат од Западен Балкан, се наведува во Финалната декларација.