Во основното училиште „Кочо Рацин“ денеска се одржа завршна манифестација во рамки на проектот „Едно сонце за сите“, кој се реализираше во соработка со Центарот за лица со интелектуална попреченост Националниот Ромски Центар и „Порака наша“. Проектот кој има за цел да ја поттикне и крене јавната свест за потребата од социјалната инклузија, се спроведуваше од мај до декември годинава.
Во проектот беа вклучени 110 ученици од осмо и деветто одделение од училиштето кои заедно другаруваа и работеа на различни активности со нивните пријатели од НРЦ и „Порака наша“. Во текот на реализацијата на проектот, учениците и наставниците се фокусираа врз истакнување на различните таленети на сите ученици.
„Се одржа музичка манифестација, се дружевме во Спомен куќата на Мајка Тереза продолживме со литературно творење, работилница и читање во училиштето на кое што на три јазици македонски, англиски и ромски беа презентирани творбите. .Во текот на проектот се одржале и ликовна и спортска манифестација, а учениците изработиле и брошура и видео“-изјави Анита Димовска, професор во ОУ „Кочо Рацин“.
Децата вклучени во проектот велат дека преку него станале другари и се надеваат дека пријателството ќе продолжи и во иднина.
Проектот е дел од јавниот повик на Министерството за образование и наука и Академијата на централно европски училишта. Изминатиов период во рамки на проектот се спроведоа музичка манифестација, литературен конкурс, ликовна работилница, спортски активности, а беа изработени и видео и брошура.