Спречување на дискриминацијата кон ромските деца

Извршниот директор на Здружението Национален ромски центар од Куманово, Ашмет Елезовски и нардниот правобранител, Иџет Мемети, потпишаа Меморандум за соработка за имплементирање на активностите во рамките на Проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца„ со цел размена на информации и навремено преземање мерки за заштита од дискриминација на ромските деца и нивните семејства.

Целта на Меморандумот е размена на информации и навремено преземање мерки за заштита од дискриминација на ромските деца и нивните семејства, како и поголемо запознавање со институцијата Народен правобранител меѓу Ромите, и нивно информирање и едуцирање за можностите за заштита на нивните права.

„ НРЦ со години наназад работи на оваа проблематика, но овој проект ни дава еден дополнителна мотивација, дека можеме вредностите на граѓанинот без оглед на полот и верата, а пред се возраста, да ги унапредиме и да допринесеме да се почитуваат. Проектот предвидува средби во институции, средби со граѓани за правата на нивните деца, преземање на конкретни дејствија кон информирање на институциите за решавање на нивните проблеми, почнувајќи од денот на раѓањето на детето, во текот на неговиот развој, запишување во училиште, здравствена заштита, образование и вработување, а со тоа и соодветно домување “ – изјави Елезовски.

Народниот правобранител смета дека нема оправдување за појавата на дискриминацијата која во нашето општество постои. За да се надмине, потребно да се работи на сеопфатен системски пристап за сузбивање на оваа негативна појава.

„Во оваа прилика посебно би ја потенцирал појавата на говор на омраза како придружник на дискриминацијата која во последен период зема се поголем замав, особено што ваков говор користат и јавни личности. Јавно ја осудувам досегашната неказнивост и премолчување на надлежните органи, со што придонесуваат дискриминацијата и говорот на омраза да бидат се поприсутни во медиумите, а особено на социјалните мрежи„ -рече народниот правобранител г.Мемети при потпишуавњето на Мемарандумот.

НРЦ и Народниот правобранител упатија апел наместо говор на омраза и дискриминација да се промовираат толеранцијата, почитувањето и еднаквоста на човековите права на сите, особено на ранливите и маргинализираните заедници, а надлежните органи соодветно и навремено да реагираат санкционирајќи ја оваа појава, што во иднина би се превенирало и спречило нејзино ширење.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*