Активистите на НРЦ им поделија промотивни материјали на присутните, со кои ги информираа за вредностите кои ги промовира ФАРЕ и испратија порака за антидискриминација, социјална вклученост и толеранција
Здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово учествуваше на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови ЕУРО МИЛК од Скопје и Пелистер од Битола. Овој натпревар се одржа на стадиумот „Борис Трајковски” во Скопје, на 27 октомври годинава. Тој беше организиран во рамки на акциската недела за борба против девијантни појави во фудбалот во Македонија, под мотото „Национализмот и расизмот надвор од фудбалот”.
На натпреварот, активистите на НРЦ (ученици од различни националности) им поделија промотивни материјали на присутните, со кои ги информираа за вредностите кои ги промовира ФАРЕ и испратија порака за антидискриминација, социјална вклученост и толеранција, за кое добија аплауз од публиката. Натпреварот се одвиваше во позитивна атмосфера, и заврши со изедначен резултат – 2:2.
Ова е континуитет на активностите кои НРЦ ги спроведува во соработка со ФАРЕ, со надеж дека тие ќе продолжат и во иднина на регионално ниво.
[post_gallery]