Кампот е дел од проектот „Промоција на социјалната инклузија на млади Роми од маргинализирани рурални заедници“, кој го реализира Амалипе во партнерство со Национален ромски центар и Лига Про Европа, во рамките на програмата „Прогрес“ на Европската комисија.

Центарот за интеретнички дијалог и толеранција „АМАЛИПЕ“ организираше Прогрес Камп во местото Брјаста, во околината на Велико Тарново. Кампот е дел од проектот „Промоција на социјалната инклузија на млади Роми од маргинализирани рурални заедници“, кој го реализира Амалипе во партнерство со Национален ромски центар и Про Европа.

Целта на кампот беше создавање на нови идеи и размена на информации за работата на центрите. На кампот учествуваа сите модератори на Центрите од Бугарија, Романија и Македонија. Предавач на кампот беше Ѓорѓи Богданов, социјален работник кој организираше интерактивни сесии со цел да се увидат пристапот, задачите и обврските на модераторите кон целната група и колку е битно сите да ги знаат своите обвски и што точно треба да работат.

Во рамките на кампот беше промовиран докумантарниот филм за Роми занаетчии за плетење кошни и дрвени предмети од плетеница кој е снимен во рамките на проектот „Промоција на социјалната инклузија на млади од маргинализирани ромски рурални заедници“. Се дискуираше и за историјата, културата, традицијата, религијата и занимавањата на Ромите од Бугарија.

На крајот беше организирана посета на Општината Павликени, поточно селото Батак каде Ромите се занимаваат со огледување на рози и производство на миризливо масло, вино, сок и расад.

Работата на Центарот за поддршка на заедницата лоциран во село Миладиновци беше презентирана од страна на модераторите Ирфан Мартез и Фебијан Максути, како претставници на Национален ромски центар.

[post_gallery]