Во рамки на проектот „Едно Сонце за сите“ кој што го спроведува Националниот Ромски Центар (НРЦ) во соработка со кумановското основно училиште „Кочо Рацин“ и „Порака Наша“, деновиве учениците од ова училиште од секцијата „Ван Гог“ , учествуваа во есенската ликовна работилница. Комбинираните групи во рамки на работилницата, изработија шеснаесет платна и три маици, кои се дел од мозаичната слика-Едно Сонце за сите.Учениците имаа можност да ја презентираат својата креативност и ликовно да се изразат пред наставниците и локалната заедница, која позитивно реагираше на ова заедничка соработка на ученици од различни етнички заедници кои ги поврзува љубовта кон уметноста
Претходно, пак учениците кои се вљубеници во поезијата и прозата, во рамки на проектот, учествуваа на литературен конкурс.Тие пред присутните наставници, ученици и родители во училишната медијатека ги презентираа своите творби на македонски, англиски и ромски јазик и уште еднаш порачаа дека сите без разлика на на возраста, бојата, верата, посебноста сите имаат право на исто Сонце.
Проектот се реализира од минатата година, а беше презентиран на Академијата на централно-европски училишта *ACES – act local* вo Слoвaчкa