Проектот има за цел реализација на информативна кампања и поднесување на апликации за легализација на објекти за домување на Ромите во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти
Национален ромски центар го реализира проектот „Легализација на ромското домување – Македонија“, во соработка со партнерските организации Хабитат Македонија и ФООМ. Проектните активности се реализираат во текот на август, заклучно со 3-ти септември 2011 година и се состојат во упатување, организирање и поднесување на барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.
Проектот има за цел реализација на информативна кампања и поднесување на апликации за легализација на објекти за домување на Ромите во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на Република Македонија број 23 од 24.02.2011 година).
Преку проектот очекуваме да се зголеми процентот на легализирани домови во Република Македонија. НРЦ ќе дејствува во Скопје, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип каде што живее поголем број ромско население.
Ќе бидат информирани 1,615 семејства (17,370 Роми) во Скопје и ќе бидат поднесени 1,255 апликации (13,760 Роми) за легализација на домовите во таргетираните 6 општини. За оваа намена е формиран тим од 58 истражувачи (луѓе како подршка на терен во населбите), кои се обучени за информирање и мотивирање на семејства со ниски приходи кои живеат во бесправно изградени домови за да го започнат процесот на легализација на нивниот дом.
Истражувачите ја подигаат свеста за придобивките од поседувањето легална куќа преку директна посета, брошура, средби со Роми лидери од заедницата и со други релевантни партнери.
[post_gallery]