На 24.11 и на 04.12 во Шуто Оризари и во Тетово беа одржани граѓански собири
Национален ромски центар заедно со 6-те партнерски организации и 3 лица партнери вклучени во реализацијата на проектот „Адекватно домување за Роми“ организираа граѓански средби на плоштадот во Шуто оризари и во ромското маало „Поток“ во Тетово. Жителите на овие населби имаа можност да се советуваат за нивните проблеми од областа на домувањето и да се информираат за можностите за подобрување на условите за живеење во нивната средина. Средбата во Шуто Оризари започна на плоштадот, но поради дождот подоцна беше преселена во Здравствениот дом.