Фер-плеј игра за фер учество

Националниот Ромски Центар од Куманово ја организира кампањата Џан (превод: оди, знај) со цел да се зголеми степенот на учество на Ромите во сите форми на граѓанска партиципација во општеството. Организацијата ќе работи на едукација и мотивација на Ромските гласачи за учество во изборниот процес на Парламентарните избори во Македонија. Кампањата се организира со поддршка од Roma Participation Program од Будимпешта.

Преку работната програма и пропагандниот материјал со основни упатства, сакаме да пренесеме порака да престане манипулацијата со гласовите на Ромските гласачи. Нашата идеја е да промовираме толеранција и фер избори низ фудбалски натпревари што ќе бидат организирани како дел од нашата кампања. Натпреварите ќе бидат начин младите Роми да се најдат во ситуација каде што ќе промовираат фер-плеј како начин за промоција на одговорноста за учество во изборниот процес.

Гледајќи го процесот на изборите како битен дел од изразувањето на волјата на граѓаните и промовирање на заедничко разбирање, толеранција и свест сметаме дека Ромската популација може да биде еднаков учесник во овој процес и нивниот глас и волја треба да бидат чуени. Излегувајќи на изборите,Ромите ќе придонесат за градење на нивната улога во општеството.

Во рамките на кампањата ќе бидат посетени повеќе градови низ Македонија каде што населеноста на Ромската популација е во поголем број, а исто така ќе се организираат спортски средби и натпревари со цел да се едуцира и мотивира гласачкото тело за активното учество на гласањето.

Спортските средби ќе бидат организирани во Црник, Виница, Штип, Скопје, Куманово и Прилеп, а дистрибуцијата на едукативниот материјал за помасовно излегување на Ромите на претстојните избори ќе биде спроведена во следните градови: Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Ресен, Кичево, Охрид, Струмица, Гевгелија, Валандово, Неготино, Градско, Кавадарци, Велес, Радовиш, Кочани, Берово, Црник, Пехчево, Делчево, Виница, Штип, Пробиштип, Кратово, Кр. Паланка и Св. Николе.

За понатамошни контакти и информации може да се обратите на:
Ашмет Елезовски, проект менаџер, 070/258 595
Славица Ќурчинска, асистент, 075/844 822
Контакт телефон: 031 427 558,
ел. пошта: contact[at]nationalromacentrum[dot]org,
Адреса: „Доне Божинов“ 11/5, 1300 Куманово