На 07.03.2014 година во Скопје, во паркот „Жена борец“, Цивил одржа граѓански собир на кој го презентираше Извештајот за состојбата на човековите права и слободи во Република Македонија

Цивил го одржа граѓанскиот собир „Избери демократија!“ во паркот „Жена борец“ спроти Собрание на РМ на кој го презентираше Извештајот за состојбата на човековите права и слободи во Република Македонија. Извештајот, заклучоците и препораките ги претставија Снешка Илиќ, членка на тимот на Цивил и Џабир Дерала, Претседател на Цивил.

На покана на Цивил, на собирот се обратија видни претставници на организациите на граѓанското општество, активист(к)и и бранител(к)и на човековите права. Говореа: Петрит Сарачини, новинар, уметник и активист за човекови права, Ирена Цветковиќ, Координаторка на Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, Ашмет Елезовски, Извршен директор на Национален Ромски Центар, Јасмина Голубовска и Кочо Андоновски, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Марјан Забрчанец, Извршен директор на Младински образовен форум и Џелал Хоџиќ, предводник на граѓанската иницијатива 8 Септември и координатор на Работната група за човекови права – Велес.

Во својот говор, Ашмет Елезовски истакна: „Демократијата поразбира толерантност, меѓусебно почитување и висока свест за општествена одговорност. Денеска моите демократски стремежи се насочени кон слободата на движењето, слободата на изразувањето, достоинствен живот, пристојно место за живеење. Заедницата на која и припаѓам и чии интереси ги застапувам како граѓански активист, се соочува со дискриминација, со неднаквост во правата со чувство на отуѓеност. Во време кога државите членки на ЕУ во контекст на стратегијата  Европа 2020 се обврзаа дека ќе трошат значителен процент од своите буџети на прашањата за Ромите мораме да го артикулираме нашиот демократски потенцијал нашата човечност и доблест и да се избориме за подобар поеднаков по достоинствен живот на сите граѓани на оваа држава. Би сакал мојата татковина да ја следи визијата на европските вредности и да сочувствува со реалните проблеми на сите граѓани.“

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.533560810095726.1073741883.324459714339171&type=3

http://civil.org.mk/izveshta-za-sostobata-na-chovekovite-prava-i-slobodi-vo-republika-makedonia/?lang=mk

[post_gallery]