Организирана работилница за можностите во 2015 година на полето на интеракцијара со ОН механизмите за човекови права, од страна на Канцеларијата на резидентниот координатор на ООН, г-ѓа Луиза Винтон
На 4-ти март беше организирана работилницата „Интеракција со ОН механизмите за човекови права: можности во 2015 година”, во организација на Канцеларијата на резидентниот координатор на ООН, г-ѓа Луиза Винтон со учество на Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права од Женева.
На работилницата се разгледуваше системот за човекови права на ОН, договорните тела, известување и следење за состојбата на човековите права и предизвиците со кои се соочуваат земјите потписнички. Ратификацијата на договорите создава правна обврска за државата да известува периодично до телата на ОН; да ги спроведуваат законските обврски на национално ниво преку закони, политики, институционални и програмски промени, како и унапредување и почитување на правата на договорите. Во периодичните извештаи на државата членка се следи спорведувањето на договорите во кои државата известува за правните, административните, судски и други мерки кои се превземаат. Во овој процес важна е и заинтересираноста и соработката на граѓанскиот сектор и вклученоста во следење на напредокот, идентификација на проблемите и недостатоците, како и проценка на идни потреби и цели се со цел да се внимава при планирањето и изготвување на политиките.
На работилницата учествуваше Катерина Шојиќ, како преставник на НРЦ, со презентација поврзана со Конвенцијата за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, известувања од страна на Република Македонија и искуството на НРЦ и придонесот за ефективно спроведување на договорите.