Имајќи го предвид развојот на настаните со вирусот COVID 19 во државата и во регионот, како и Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на вирусот донесена од Владата на РСМ (Службен весник бр.62 од 12.03.2020), Национален ромски центар (НРЦ) одлучи да ги одложи сите свои во настани во јавноста планирани до крајот на март оваа година.
Од 16 март 2020 заклучно со 24 март 2020 година, граѓаните и сите кои имаат потреба може да не контактираат на редовната е-маил адреса: [email protected] или на ФБ профилот на организацијата.
Благодариме на разбирањето