Се уште постои дискриминација кон Ромите и во образованието и при вработвањето

Националниот   Ромски Центар во партнерство со Здружението „ Симбиоис 12“ го организираше форумот под мотото „Ајде да зборуваме за дискриминација“, кој се реализира со поддршка на програмата на Европска Унија „Европа за граѓаните“ – Канцеларија за Ромски Иницијативи Будимпешта. На форумот кој се одржа во Информативниот Центар на НРЦ, присуствуваа ученици од средните и основните училишта од Куманово.

Главна цел на проектот е младите да се едуцираат преку комуникација и дијалог, да можат да ја препознаат дискриминацијата, но и да се подигне свеста за спречување и намалување на нетрпеливоста, предрасудите, стеротипите, а да се придонесе за подобрување на соживотот во Куманово и државата. На форумот се обратија заменикот народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа, извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски, адвокатот Магдалена Јакимовска и магистарот по социјална политика, Бајрам Бајрамовски. Преку обраќањата на присутните младите се информираа за меѓунанародни искуства, анализите во Македонија, за поимот дискриминацијата , улогата на комуницирање, познавање на правата на децата, ученици- според уставот и законските регулативи за правата на децата и учениците во Р. Македонија.

Младите отворено заборуваа преку примери кога, велат почуствувале дискриминација и дека таа се уште постои кон Ромите. Меѓу примерите кои ги посочија се и пониски оценки и покрај како што потенцираат, покажаното знаење по одредени предмети.Бизнисмени од познати компании од градот, велат се уште ги дискриминираат младите невработени Роми.Учесниците раскажаа дека поинаков е пристапот кога се обраќаат и распрашуваат за одредена работна позиција по телефон, во однос на пристапот кој бизнисмените го покажуваат кога ќе се соочат со кандидат за вработување од ромска етничка заедница. Според нив, сето ова допринесува голем број млади, интелектуалци да ја напуштат државата и да заминат во странство, во земјите од ЕУ.

Тие додадоа дека се горди што во институцијата народен правобранител заменик е Ромка, но потенцираа дека во општината нема вработено ниту еден претставник од ромската етничка заедница и дека не се почитува процентот на законските регулативи за застапеност на ромската заедница во општинските институции. Младите посочија дека во близина на населбите каде што живее претежно ромско население, нема изградено спорстка и рекреативна инфраструктура. Сепак, додаваат дека низ годините се подобрува комуникацијата помеѓу граѓаните на мултиетничко Куманово со над 100.000 жители.Младите се пожалија и за недостиг на објекти за забава во ноќните часови.Конфликтите велат ги предизвикуваат и нарушените семејни односии сиромаштијата.

Учесниците на форумот сметаат дека преку дискусијата, дијалогот, но и со засилено пишување петиции, барања и поддршка од медиумите, може да се подобри состојбата.

DSC01205-800x600 DSC01206-800x600 DSC01207-800x600 DSC01211-800x600 DSC01213-800x600 DSC01224-800x600 DSC01225-800x600 DSC01227-800x600 DSC01228-800x600 DSC01241-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*