Националниот ромски центар им се придружи на неделите на „Луѓето на фудбалот“
Националниот ромски центар им се придружи на илјадници европски групи во користење на моќта на фудбалот за да се претстави обединет став против дискриминација. Акцијата ги здружува групите од преку 40 земји за да ја слават разноликоста преку игра.
Националниот ромски центар и Фаре веруваат дека фудбалот, како најпопуларен спорт во Светот, ни припаѓа на сите нас и ги надминува сите бариери. Помеѓу 09 и 23 октомври, во кампањата беа вклучени голем број љубители на фудбалот, уличен и професионален, вклучувајќи ги и националните тимови кои играат во 2016 УЕФА квалификациите.
На 23 октомври 2014, Националниот ромски центар во Куманово организираше турнир во мал фудбал за публика од различни националности.
[post_gallery]