Национален ромски центар ја одбележа неделата за борба против расизмот во фудбалот од 11 до 26 октомври 2018

Национален ромски центар како дел од мрежата и кампањата за социјални промени во европскиот спорт ја одбележа Акционата недела за борба против расизмот во фудбалот 2018.

Информацијата ја прошири преку својата веб страна и социјални медиуми, ја промовираше кампањата во рамките на тековната кампања Ромска Гордост – Доста 2018 НРЦ – со поддршка на Совет на Европа, на настани во Скопје, во Стразбург – Франција, притоа споделувајќи порака за подобрување на позицијата и статусот на ромската заедница, за намалување на дискриминацијата и расизмот во Европа и земјите од западен Балкан преку спортот.

Членовите на Националниот ромски центар ја подржаа кампањата која се реализира во повеќе од 60 земји од страна на граѓани, активисти, познати спортисти, клубови, институции, медиуми со една јасна порака Заедно за позитивност, почитување, здравје, спортски средби полни со пријателство и љубов.

Завршниот настан се одржа на 24 октомври во Скопје на вечерен спортски фудбалски настан  во општина Гази Баба во ромската населба Маџари во соработка со младинската организација Симбиозис 12 и младинците Роми предводени од советникот во Град Скопје Ерџан Селими.

„Секоја заложба по ова прашање е драгоцена особено за подобрување на соживотот насекаде во Европа и Светот“,истакна Ашмет Елезовски во име на Националниот ромски центар.

Најдобрите добија маици од Фаре и фудбал.

НРЦ останува подржувач на оваа кампања и во иднина.IMG_9536 DSC_1002 DSC_1000 DSC_0055 DSC_0048 DSC_0042 DSC_0007 DSC_0006 DSC_0001 DSC_0985

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*