Продолжижување на дијалогот и интеграцијата

Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски на десети октомври во Брисел, оствари средба со Марта Гарсија Фидалго и нејзината заменичка Мари Астрид Хумер, задолжени за ромското прашање за државите од Западен Балкан од Европската Комисија. На средбата, информираше Елезовски се разговарало за актуелната состојба на ромската заедница во Македонија и можностите за унапредување на интегративниот процес.

„Согледавме многу аспекти и беше посочено дека ромското прашање последниве години беше оставено настрана, поради влијанието на политичката криза која влијаше целокупно во сите сфери од општественото живеење, вклучително и врз граѓанскиот сектор. Разговараме и за состојбата на Ромите, за азилантсвото, за се поголемиот број млади од ромската и останатите етнички заедници кои се иселуваат во потрага за подобар живот“- рече Елезовски.

На средбата со претставниците на Европската Комисија задолжени за ромското прашање било посочено дека се потребни мерки за надминување на егзистенцијалните потреби на заедницата, пред се во домувањето. Воедно, било заклучено дека е потребно да се продолжи со дијалогот и интеграцијата на Ромите.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*