ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ СО ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛИДЕРСТВО

Датум на објавување: 09.03.2020

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на експерт за јакнење на капацитети за застапување и лидерство“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на експерт за јакнење на капацитети застапување и лидерство

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки во Северна Македонија.

Специфични цели на проектот се: (1) Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики, (2) Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки, (3) Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот до човекови права на локално и национално ниво.

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот – 31.12.2020 година.

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование,
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуство за планирање и спроведување на активности поврзани со подготовка и испорака на обуки за застапување, самозастапување, изработка на акциски планови за застапување, изработка на комуникациски планови за застапување и алатки за комуникација или подготовка на документи и обуки за зајкнување на маргинализирани категории на лица;
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.
  1. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите кои се предмет на повикот со документирано работно искуство; Примероци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден со вклучени патни трошоци.
  1. Опис на позиција: експерт за јакнење на капацитети за застапување и лидерство

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење:  4 работни дена во период април-мај 2020 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани со пренесување на знаење, искуство и експертиза за изработка на акциски планови за застапување, комуникациски планови и алатки за комуникација за жени и девојки Ромки во рамките на проектот „Зајакнување на жени  Ромки во Република Северна Македонија“ во текот на 2020 година. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде во период април – мај 2020г.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија”:

  • Подготовка и одржување на две дводневни обуки за потребите на НРЦ и учеснички на обуката. Предвидени се 15 учесници на една работилница. (буџетска ставка 3.2.1.3)
  • На работилницата се очекува учесничките да ги зајкнат своите вештини за изработка на акциски планови за застапување, како и планови за комуникација и алатки за комуникација за испраќање на пораките. На работилницата се очекува да се зајакнат вештините и знаењата на 12 жени/девојки Ромки.
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 4 работни дена (буџетска ставка 3.2.1.3)
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на секоја од обуките
  • Вкупен ангажман за спроведување на активностите е 4 дена
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот

Здружението „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплатата ќе се изврши на следниот начин:

  • прва исплата во износ од 50% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот по завршување на првата обука и одобрување на доставен извештај и time sheet од страна на проект координаторот и
  • втора исплатаво износ од 50% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по завршување на втората обука и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот координатор.
  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден со вклучени патни трошоци– 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] или [email protected] најдоцна до 25.03.2020 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*