Ашмет Елезовски и Себихана Скендеровска, дел од тимот на НРЦ, претставувајќи го Европскиот Ромски и Травелерс Форум учествуваа на Supplementary Human Dimension Meeting на OSCE за одржливи политики за Роми и Синти на 10-11 Јули 2008 во Виена.

Во рамките на состанокот беше одржан и настан за Основни Права и Слободи на Роми во Италија, а во исто време беа одржани и протести и Ромски активсти имаа состанок со претставници на Агенцијата за Основни Права. Загрижени сме од Италијанските полиси кон Ромите, кои вклучуваат и земање на отисоци или етничко профилирање како методи за прибирање на податоци за Роми, наместо да се прават полиси за соодветен пристап на Роми до јавни сервиси.

НРЦ како организација за човечки права и промовирање на Ромска инклузија силно го осудува расистичкото против Ромите во Италија. OSCE ја поддржува Ромската популација во регинонот, но сега кога Ромите се директно во опасност во Италија, OSCE треба силно да реагира на овие злосторства. На Ромите им треба стабилност, сигурност и итни акции со цел да се стопираат расистичките напади и протерувања.

Повикуваме до Европските власти и OSCE да извршат брза, ефективна и темелна истрага и да го осудат расистичкото насилство кон Ромите. Повикуваме на зрела и искрена дебата да се одржи во највисоките Европски институции со цел да се запрат насилството, протерувањето и депортацијата на Ромите. Треба да има одговорност да се преземе акција и да се прекине насилството во Европа, Италија како Држава Членка на Европската Унија ги прекршува вредностите втемелени во Член 6 од договорот со кој е воспоставена Европската Унија, со нејзиното спроведување на казнии прислно истерување на Ромите, земање на отисоци и расистички напади.

Повикуваме до Европската Комисија, како чувар на договорите да се заштитат правата на Ромите од злоупотреба на основа на етничко потекло. Италијанските власти итно треба да обезбедат соодветна заштита за Ромите од насилните расистички напади и расна дискриминација.