Целта на оваа средба беше да се разменат информации за потребите на проектот „Најдобри пракси за интеграција на Ромите“ што се имплементира од страна на ОБСЕ.

Во Национален ромски центар беше остварена средба со Александар Лазовски, претставник од ОБСЕ вклучен во проектот „Најдобри пракси за интеграција на Ромите“, Пол Рабе и Алонсо Ајла, консултанти ангажирани на регионално ниво од Холандија вклучени во истиот проект. Од страна на НРЦ на оваа средба присуствуваа Ашмет Елезовски, менаџер на НРЦ; Катерина Шојиќ, правник и Славица Тасевска-Симоновиќ, асистент во Ресурсен центар во проектот „Легализација на домување за Ромите“.

Целта на оваа средба беше да се разменат информации за потребите на проектот „Најдобри пракси за интеграција на Ромите“ што се имплементира од страна на ОБСЕ. Пол Рабе и Алонсо Ајла се ангажирани како консултанти во изработка на регионален извештај за домување кој ќе вклучува теми за социјално домување за Ромите, како и за легализација на ромските населби. Извештајот ќе вклучи преглед на статусот во домувањето на Ромите во Западниот Балкан и ќе ги разгледа најдобрите практики и недостатоци во секоја од земјите, како на локално, така и на централно ниво.

Од страна на Ашмет Елезовски беа презентирани програмските активности на НРЦ и локалните и националните политики поврзани со Ромите.

Катерина Шојиќ ги претстави во подробности сите правни аспекти и предизвици поврзани со имплементација на проектните активности „Легализација на домување за Ромите“ што се реализира од страна на НРЦ како и Законот за легализација на бесправно изградени објекти во Р. Македонија.

Тимот од страна на ОБСЕ по завршување на состанокот во НРЦ заедно со волонтерите од НРЦ на терен ги обиколија ромските населби: Средорек, Бараки и Бавчи за да може да стекнат реална слика и претстава за ромските населби во Куманово.

[post_gallery]