Во рамките на проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ“ во Штип беше организирана информативна сесија за малолетнички бракови на која присуствуваа 20-тина млади Роми кои беа информирани за последиците од склучувањето на малолетнички бракови. Координаторот на проектот Александра Трајановска, разговараше со младите за причините за појава на т.н. детски бракови, но воедно и за казните и мерките што ги преземаат институциите за да ја спречат оваа појава. Се очекува младите да бидат информирани, но и да ја споделат информацијата со својата заедница, со цел да се превенира појавата на малолетнички бракови во ромската заедница.