Во текот на месец ноември преку проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ“ беа организирани повеќе средби со млади Роми на кои се разговараше за раните бракови, за причините и последиците, како и за сите мерки што се преземаат од страна на институциите за спречување на оваа појава. На средбите присуствуваа повеќе од 70 млади, некои од нив средношколци, но и оние кои го напуштиле образовниот процес. Целта на средбите беше преку разговори и преку видео приказни младите да се информираат за ризиците од стапување во малолетнички бракови, а со тоа да се делува превентивно на појавата на детски бракови во ромската заедница.DSC_0008 DSC_0018 DSC_0054 DSC_0059 DSC_0066 DSC_0071 DSC_0073

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*