Сонот се остварува преку уметност и убавина!

 

По десетти пат Центарот за Интеретнички Дијалог и Толераниција „Амалипе“ во партнерство со општина Велико Тарново го организира Ромскиот детски фестивал “Отворено Срце”. Јубилејниот фестивал ќе се одржи на 8 и 9 јуни во паркот „Марно Поле“ во Велико Тарново. Ќе земат учество повеќе од 900 ученици од различни етнички заедници од земјата инволвирани во изборна група (ЕПА) „Фолклор на заедниците – Ромски фолклор“ или вон наставни активности за интеграција во училиштата.

Фестивалот се организира со цел на децата од различни заедници да им се пружи можност за изразување и потикнување на траен интерес во процесот на учење како целина. Програмот вклучува елементи на традиција, занаетчиство, музички фолклор, историја, живот и култура на Бугарите, Ромите, Турците и другите етнички заедници во Бугарија.

Заедно со сценската програма за време на фестивалот ќе биде организирана работилница за дополнителни активности и применета уметност, во насока кон интеграција во образованието со кое секое училиште може да учествува со изработени материјали за изложба и постери кои учениците ги изработија во текот на учебната година. Дел од материјалите можат да бидат прозведени и на самиот фестивал. За таа цел, оваа година ќе бидат организирани работилници на кои децата и наставниците рачно ќе изработуваат предмети од различни материјали, ќе цртаат, ќе ставаат к’на и ќе бидат облечени во народни носии, ќе се реализира работилница за занаетчии и многу други изненадувања.

Ќе се организира две изложби на фотографии кои доловуваат моменти од изминатите фестивали, како и на тема „Наследството на мајсторите низ моите очи“, и ќе бидат презентирани на Јубилејниот фестивал.

Фестивалот има за цел да ги собере на една сцена децата од различни култури и етнички заедници, да докаже дека различноста нé обединува и тоа може да биде катализатор за изградба на толерантно и почитувано општество ослободено од предрасуди. Овој фестивал врши поттик за креативно изразување на децата од различни етнички заедници. Ќе се одржи во два дена во градот Велико Трново. Интересни културни настани ќе бидат организирани за учесниците преку кои тие ќе се информираат за историјата на стариот главен град на Бугарија – Велико Тарново.

Деца од цела Бугарија ќе го исполнат воздухот на прекрасниот град Велико Тарново со нивното пеење, танцување и убаво расположение.  Нашиот град ќе стане главен град на толеранција, пријателство и детска насмевка. Радост во очите на децата, шарени народни носии и музички изведби ќе го направат ромскиот детски фестивал „Отворено срце“ незаборавно искуство.

Кога едно дете сонува тоа е само сон.

Кога многу деца сонуваат – тоа е почеток на една прекрасна реалност!

 

[post_gallery]