DSC_0631n DSC_0632n DSC_0641n DSC_0642n DSC_0645n DSC_0651n DSC_0693n DSC_0696n DSC_0701n

На третиот ден од тренингот за девојки од ромската заедница се работеше на развој на лични приказни и сценарија за видео приказните. Првиот дел од денот започна со дискусија за стереотипи и предрасуди, за да премине кон вовед во раскажувањето приказни, како и практични вежби за пишување што со учесничките ги работеше Ирфан Мартез. Стекнатото знаење од пишувањето приказни учесничките го употребија за да ги подготват сценаријата за нивните видеа.

Пишувањето, планирањето и пробите за утрешното снимање траеја до доцна вечерта.

Инаку, целта на проектот „Поддршка на жени Ромки да се идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми нивниот пристап до услуги за жени кои преживеале насилство” е намалување на дискриминацијата и насилството врз жените и девојките Ромки во Македонија. Посебна цел на проектот е обезбедување пристап и давање услуги за ромските жени и девојки соочени со дискриминација и/или насилството, родова еднаквост, остварување на ефективна комуникација помеѓу граѓанското општество и релевантните институции, како и застапување за навремени, достапни и квалитетни услуги.

Проектот се имплементира во Кичево, Куманово, Велес, Штип, Кочани и Прилеп.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*