Кампот се реализира во рамки на проект „Поддршка на жени Ромки да се идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми нивниот пристап до услуги за жени кои преживеале насилство”, во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија

 

Првиот ден од тренингот за девојки од ромската заедница помина во меѓусебно запознавање и формирање мрежа за комуникација. Девојките преку разни игри разговараа пред сè за себа, за нивните желби и животни очекувања.

Во делот агендата „Јас можам“ низ перспективата на една ромска жена, учесничките имаа можност да ја слушнат животната приказна на Чидем Идиќ од Кочани, да се запознаат со нејзината теорија за рамноправност и да разговараат за релациите во една заедница. Во текот на денот учесничките имаа можност да видат неколку филмови од продукцијата на Национален ромски центар.

Очекувањата од кампот се движат во насока на креирање одржлива заедница на млади девојки и жени Ромки истражувачки и лидерки кои ќе бидат во можност да известуваат за тековни социјални прашања, влијанија на јавни политики и да креираат позитивна промена во нивните заедници и животи.

Континуирана цел на кампот е развој на комуникациски вештини на ромски девојки и жени и унапредување на еднакви можности. Учесничките ќе имаат можност да известуваат за својата заедница и идентитет користејќи свои зборови, од своја перспектива, пракса која ќе им помогне да се борат против дискриминација, родова нееднаквост, насилство и семејно насилство. За време на тренингот ќе се зајакнат нивните способности за нови креативни начини за изразување.

Инаку, БУВЕРО значи школка на ромскиот јазик, што од друга страна е симбол за добра комуникација, позитивни односи и моќта на жената. БУВЕРО е иновативна идеја за почеток на процес на промена во заедницата и во животот на ромските девојки и жени. Кампот е дизајниран за да се зголеми самодовербата на девојките преку владеење на комуникациски вештини, поттикнувајќи активизам во заедницата и социјални промени.

Новата дигитална технологија е моќна алатка и мора да се искористи за да се изгради солидарност и да се обезбеди заштита на човековите права.

Целта на проектот „Поддршка на жени Ромки да се идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми нивниот пристап до услуги за жени кои преживеале насилство” е намалување на дискриминацијата и насилството врз жените и девојките Ромки во Македонија. Посебна цел на проектот е обезбедување пристап и давање услуги за ромските жени и девојки соочени со дискриминација и/или насилството, родова еднаквост, остварување на ефективна комуникација помеѓу граѓанското општество и релевантните институции, како и застапување за навремени, достапни и квалитетни услуги.

Проектот се имплементира во Кичево, Куманово, Велес, Штип, Кочани и Прилеп.

Вкупното времетраење на кампот е 5 дена. 3-дневна работилница во чии рамки учесниците ќе се стекнат со основни истражувачки, раскажувачки и лидерски вештини. Тренери ќе бидат граѓански активисти, камермани, експерти за комуникација итн. По работилницата ќе следува интензивна 2-дневна фаза на продукција во која учесниците ќе продуцираат под надзор на ментори. Процесот на продукција е целосно во рацете на младите учесници, од истражување и одредување извор на информација до снимање, известување и ракување со камера. Пост-продукцијата (уредување, дизајн) ќе биде во рацете на професионални монтажери во соработка со ромските девојки.

Со овој тренинг НРЦ очекува учесничките да станат видливи и слушнати во нивната заедница, но и во јавниот живот, да се олесни нивниот пристап до еднакви можности, во свет каде половата рамноправност е реалност и пракса.

DSC_0269 DSC_0176 DSC_0200 DSC_0206 DSC_0232 DSC_0207 DSC_0243 DSC_0245 DSC_0249 DSC_0222 DSC_0254

 

 

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*