Тим, тимска работа, комуникациии во мултикултурно опкружување и решавање на конфликти

На 20 и 21 Март во хотел Алпина, Маврово во одлична работна атмосфера се одржа последната обука на тема тим, тимска работа, комуникациии во мултикултурно опкружување и решавање на конфликти со претставници од граѓански здруженија и локални власти од општините Тетово и Скопје.

Учесниците првиот ден имаа можност да се запознаат и да ги дефинираат поимите тим, тимска работа и дефинирање на улогите во тим преку вежби и практични примери. Исто така имаа можност да ги зајакнаат своите знаења во делот на мултикултурализмот и интеркултурано учење, односно комуникација во мултикултурно опкружување.

Вториот ден од обуката учесниците имаа можност да се запознаат со начини за справување со предрасуди и стереотипи, и преку примери да дознаат какви видови на конфликти постојат и како истите да се решат во мултикултурно опкржување.

Работилницата ја спроведуваа двајца тренери Зоран Стојковски и Станислав Петковски во соработка со проектниот тим.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0105-800x600 DSC_0150-800x600 DSC_0155-800x600 DSC_0165-800x600 DSC_0186-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*